Хакери можат да „влезат“ во вашиот мобилен телефон за 20 минути, а потребни им се само три работи

Хакер/ Фото: Профимедиа

По се изгледа дека скенирањето на отпчатокот е бескорисен, кинеските хакери покажаа колку малку им треба за да го измамат вашиот мобилен телефон. Тие можат да го хакираат вашиот мобилен телефон за само 20 минути.

Кинеските хакери велат дека пронашле начин да ја заобиколат биометриската заштита на мобилниот телефон за нешто помалку од 20 минути, а сè што треба за да го измамат читачот за отпечатоци е фотографија со отпечатоци, специјална апликација и релативно ефтин хардвер.

Со помош на фотографија од отпечаток од прст ставена на стаклена површина, можно е да клонирате физички отпечаток од прсти, кој е толку прецизен што ќе го измами скенерот за отпечатоци на вашиот паметен телефон, пишува Tom’s Guide.

Новите „отпечатоци“ успешно измамиле веќе три паметни телефони

Тим експерти од компанијата „Тенсент“ го демонстрирале овој процес на конференција посветена на хакерството. Лидерот на тимот, Чен Ју ги повикал луѓето од публиката да ја допрат стаклената површина, по што нивните отисоци биле фотографирани. Специјална апликација која ја развиле хакери потоа ја обработува фотографијата и со помош на хардверот создава вистински физички модел на отпечатоци.

Сепак, методот не е детално објаснет, а се претпоставува дека се користени понапредни модели на 3Д печатачи. Ваквите нови „отпечатоци“ успешно измамиле три паметни телефони досега и два други уреди за кои е потребна идентификација на отпечатоци.

Значи, можеби е време да  размислите за тоа како ги заклучувате вашите мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот