Хафтар: Ќе ги отвориме нафтените полиња за да ја обезбедиме иднината на Либија

Пред блокадата, Либија произведуваше околу 1,2 милиони барели нафта дневно, во споредба со сегашното ниво од над 100.000 барели дневно.

Источно либискиот командант Калифа Хафтар денеска најави дека ќе ја укине блокадата за производство на нафта за еден месец и истакна дека се согласил со ривалската влада во Триполи за фер распределба на приходот.

Продолжувањето на извозот на нафта по осуммесечната блокада ќе го ублажи растечкиот финансиски притисок врз двете страни во либискиот конфликт и може да отстрани голема пречка за постигнување политичко решение, но сè уште не е јасно дали договорот има поширока поддршка.

– Подготвени сме да ги отвориме нафтените полиња за да ја обезбедиме иднината на Либија за еден месец, рече Хафтар.

Вицепремиерот на Триполи, Ахмед Маитег, исто така, објави соопштение веднаш по говорот на Хафтар, во кое се наведува дека е одлучено да се продолжи со производството на нафта, додавајќи дека ќе биде формиран нов комитет за надзор на распределбата на приходите.

– Комитетот ќе координира меѓу двете страни во подготовката на буџетот и трансферот на средства за покривање на плаќањата, како и во решавањето на прашањето за јавниот долг, рече Маитег.

Пред блокадата, Либија произведуваше околу 1,2 милиони барели нафта дневно, во споредба со сегашното ниво од над 100.000 барели дневно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот