Гутереш за жали дека САД должат 491 милион долари во буџетот на ОН – Слободен печат
ВестиПланета

Гутереш за жали дека САД должат 491 милион долари во буџетот на ОН

Организацијата дури била принудена да намали некои видови активности и да премине кон економичен начин на работа во седиштето во Њујорк.

САД се уште должат 491 милион долари во буџетот на ОН, изјави портпаролот на генералниот секретар на светската организација, Стефан Дужарик.

Во октомври генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш информира претставници на њујоршкиот дипломатски корпус за сериозно влошување на финасиската состојба на организацијата. Од 9 октомври 2019 година повеќе од 50 земји членки, меѓу кои и САД, не донирале за тековната година во глобалните буџети на ОН. Светската организација дури била принудена  да скрати

Организацијата дури била принудена да намали некои видови активности и да премине кон економичен начин на работа во седиштето во Њујорк.

– САД треба да платат 491 милион долари, истакна Дужарик.

Тој додаде дека вкупните задолженија по буџетот изнесуваат 1,385 милијарди долари, а истовремено потврди дека седум држави должат 97 отсто од таа сума: САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Иран, Израел и Венецуела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close