Гутереш предупреди дека ситуацијата во Газа станува се поочајна

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа е „сè поочајна“, изразувајќи жалење што Израел ги „интензивирал своите воени операции“.

– Ситуацијата во Газа станува се поочајна од час во час. Жалам што Израел, наместо многу потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, ги интензивираше своите воени операции, рече Гутереш за време на посетата на Непал по четири дневен престој во Катар.

Тој го окарактеризира како целосно неприфатлив бројот на убиени и ранети цивили во војната меѓу Израел и Хамас предизвикана од нападите на исламската екстремистичка организација на 7 октомври на израелска територија.

Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, главно цивили, најмногу на тој ден, кога според израелските власти беа однесени 230 заложници во Појасот Газа.

Хамас, кој владее со Газа, тврди дека повеќе од 8.000 Палестинци, главно цивили, се убиени во континуираните израелски бомбардирања од почетокот на војната.

Шефот на ОН го повтори повикот за итен хуманитарен прекин на огнот и апелираше за „континуирана испорака на хуманитарна помош на ниво што ги задоволува потребите на населението на палестинската територија“.

– Светот е сведок на хуманитарна катастрофа што се одвива пред нашите очи, рече Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, кои немаат каде да одат безбедно, се лишени од основните потреби за живот, храна и вода, како и медицинска нега додека бомбардирањето продолжува.

Во војната меѓу Израел и Хамас загинаа 10 Непалци, а единаесеттиот не се знае каде се наоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот