Гутереш повика на постигнување траен прекин на огнот меѓу спротивставените влади во Либија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ги повика светските сили и другите заинтересирани за долготрајната граѓанска војна во Либија да продолжат да работат за постигнување траен прекин на огнот меѓу спротивставените влади, предупредувајќи дека иднината на земјата е во прашање.

Гутереш на виртуелен министерски состанок, чиј домаќин се Обединетите нации и Германија, рече дека треба да се поддржат мировните напори „не само со зборови, туку и со дела”, вклучително и поддршка за ембаргото за оружје на ООН против Либија.

– Прекршувањето на ембаргото е скандал и ја доведува во прашање основната посветеност на мирот на сите инволвирани, рече Гутереш на затворениот состанок.

Генералниот секретар на ОН додаде дека странските испораки на оружје и другите видови воена поддршка мора веднаш да престанат.

Германија, која се обидува да дејствува како посредник, соопшти дека виртуелниот состанок е можност да се разгледа она што е постигнато откако Берлин беше домаќин на самитот за Либија во јануари, каде учесниците се согласија да воведат ембарго за испораките на оружје и да ги поттикнат завојуваните страни во Либија да се постигне целосен прекин на огнот. Овој договор беше прекршен неколку пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот