Ѓуровски: За поздравување е изјавата на Ахмети дека на 27 април не гледа тероризам

Професорот Марјан Ѓуровски во емисијата  „Клик Плус“ на ТВ21, коментирајќи за 27 април,  кажа дека се согласува со изјавата на Али Ахмети дека тој случај не е тероризам.

„За поздравување е изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој за 27 април кажа ‘не гледам тероризам’“, вели Ѓуровски.

Тој коментираше и за утрешната средба меѓу Пендаровски и Мицкоски, но кажа дека не верува дека ќе биде разговарано за помилување на учесници во настаните во „27 април“.

„Не верувам дека ќе има помилување, Пендаровски нема да се одлучи за таков преседан. Но, имајќи во предвид неговото искуство, очекувам една порака на политичка култура едно заедничко градење на политичките ситуации. Една порака да се испрати, парламентот да се одблокира пред се“, рече Ѓуровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот