Гурбанов: Мораме да бидеме многу внимателни против Силекс

фото: facebook.com/FKQarabagh

Македонскиот претставник Силекс на 18 или 19 август ќе ги одмери силите против азербејџанскиот состав на Карабах.

Веднаш после ждрепката за паровите во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите, свој коментар имаше тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов.

Немаме официјални натпревари од март, тешко е да се коментира на еден натпревар во ваков турнир. Колку што е можно повеќе, ќе собереме информации за противникот кој веќе ќе го има својот прв меч во националниот шампионат.

Мораме добро да се подготвиме за овој натпревари, нашиот меч е на домашен терен. Секако, играчите ќе бидат далеку од нивните добри перформанси. Мораме да бидеме многу внимателни на овој меч, доколку знаеме што сакаме можеме да дојдеме до добар резултат – вели Гурбанов.

Силекс денеска во првото коло од нашето првенство ќе ги одмери силите против Беласица (17.30 часот) на гостински терен.

ЛШ: Силекс ќе ги одмери силите против Карабах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот