Груевски ќе добие адвокат на сметка на државава

Адвокат по службена должност на сметка на државата ќе добие поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“.

Ова е епилог од денешниот процес кој се одржа во Основниот суд Скопје 1, откако предметот од СЈО прејде во ОЈО, а за сето тоа неговиот довчерашен адвокат Дончо Наков од Груевски не добил соодветно, ново полномошно, за да го застапуваат во новата фаза на предметот.

Токму Наков на претходното рочиште пред судијката Даниела Алексовска-Стојановска изјави дека ќе мора да го контактира својот клиент за тоа дали и понатаму може да го застапува.

Во „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Двајцата со злоупотреба на службената функција и овозможиле на фирмата „Бетон“ од Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот