Груби: Кога ќе ми каже Ахмети да седам дома, ќе седам и нема да кажам ни А, ни Б

Фото: Али Ахмети / Фејсбук

„Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б. Јас не се оптоварувам со мојата функција“, вели првиот вицепремиер, Артан Груби за барањето на „Огнената група“ од ДУИ за негова смена.

На Груби не му е јасно зошто „огнените“ бараат тој да биде сменет – тврди дека исполниле сѐ што ветиле и вели дека лидерот на партијата, Али Ахмети, не е негова страна, туку на страна на правдата.

Вицепремиерот вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на „Канал 5“ ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои според него ја шират тезата дека СДСМ е заложник на ДУИ за собирање на политички поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот