Гроси повторно се упати кон Запорожје

Володимир Зеленски и Рафаел Гроси
Володимир Зеленски и Рафаел Гроси / 30 август 2022 / Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Првиот човек на Агенцијата на ОН за атомска енергија, Рафаел Гроси, денеска тргна во посета на нуклеарната централа Запорожје, во југоисточна Украина, која со месеци наназад е окупирана од руските сили, јави Скај Њуз.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ќе ја разгледа ситуацијата во најголемата европска централа како дел од напорите за намалување на ризикот од голема несреќа.

Во околината на централата повторно се интензивираа борбите, а Москва и Киев постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на локацијата.

Гроси се надева дека ќе постигне договор за заштита на централата, опишувајќи ја ситуацијата како „многу опасна“ и нестабилна.

МААЕ од минатата година има стационирани набљудувачи во фабриката во Запорожје, пренесува Скај Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот