Грешка во компјутерскиот системот во Чиле: Пропуштени повеќе од 31.000 случаи на коронавирус

Грешка во компјутерскиот систем во Чиле довела до пропуштање на повеќе од 31.000 потврдени случаи на заразени од коронавирус, или на речиси шестина од вкупниот број досега евидентирани, соопштија здравствените власти во земјата.

Случаите, откриени за време на прегледот на базите на податоци на Министерството за здравство, биле потврдени кон средината на март, кога почна епидемијата во Чиле, соопштија вчера чилеанските здравствени власти.

-Откривме дека има значаен број луѓе кои не се информирани или чиј статус не е процесуиран, изјави д-р Рафаел Араос, член на експертската комисија која ја советува владата.

„Оваа група на непријавени случаи има позитивни тестови за ПЦР, па затоа треба да се бројат во потврдените случаи”, рече Араос. До конфузија дојде откако драстично се зголеми бројот на случаи, што во просек изнесува над 5.000 дневно.

Чилe денеска пријави дека има регистрирано вкупно 184.449 инфекции и 3.383 смртни случаи од оваа болест.

– Дополнителни 31.412 случаи, откриени со проверката, властите утре ќе ги додадат на вкупната бројка на заболени во земјата, рече Араос.

Јужна Америка е новиот епицентар на глобалната епидемија на коронавирусот, а особено тешко погодени се Чиле, Перу и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот