Гренел во четврток на средба со Вучиќ во Белград, па со Тачи во Приштина – Слободен печат
ВестиРегион

Гренел во четврток на средба со Вучиќ во Белград, па со Тачи во Приштина

Посетата на американскиот дипломат, актуелен амбасадор на САД во Германија, се случува на само четири дена откако беше именуван за специјален пратеник.

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, во главниот град на Србија ќе пристигне во четврток, кога ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ. Од Белград, Гренел ќе отпатува во косовската престолнина, дознава Танјуг.

Посетата на американскиот дипломат, актуелен амбасадор на САД во Германија, се случува на само четири дена откако беше именуван за специјален пратеник.

Во Приштина Гренел ќе има средба со претседателот на Косово Хашим Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close