„Греми“ со нови правила: Награди само за луѓето, црвено светло за делата на вештачката интелигенција

греми
Фото: Profimedia

„Само човечките автори имаат право на доделување на ‘Греми’“, објави во петокот Академијата за снимање на звукот, бидејќи телото што ги доделува најпрестижните светски музички награди настојува да ја ограничи употребата на вештачка интелигенција (АИ) во индустријата.

Работата исклучиво со вештачка интелигенција е забранета, но одредена музика создадена со помош на вештачка интелигенција може да се квалификува за одредени категории, стои во ажурираниот правилник на Aкадемијата.

„Дело што не содржи човечко авторство не е прифатливо во ниту една категорија.“

Креаторите на музика сега мора да придонесат најмалку 20 отсто од албумот за да заработат номинација. Во минатото, секој продуцент, текстописец, техничар или истакнат изведувач на албум можеше да заработи номинација за албум на годината, дури и ако личноста имаше мал придонес.


Првото доделување на наградите „Греми“ беше одржано во 1959 година, како награда за музички автори.

Во ноември 2022 година, ОпенАИ го лансираше ЧетГПТ (ChatGPT), бесплатен чет-бот поддржан од „Мајкрософт Корп“, кој може да генерира дијалог сличен на човекот врз основа на едноставни реплики.

Апликациите за вештачка интелигенција брзо напредуваа, дозволувајќи им на корисниците да анимираат фотографии, да создаваат аватари во филмовите и да пишуваат песни, есеи и статии. Луѓето од многу професии сѐ повеќе се плашат дека вештачката интелигенција може да ги замени нивните работни места.

На пример, Здружението на писатели на Америка (ВГА) и Здружението на актерите (САГ-АФТРА) се борат со употребата на вештачка интелигенција во креативните области на сценаристи и актери. ВГА сака да ја заузда вештачката интелигенција во пишувањето сценарија, додека САГ сака да обезбеди своите членови да можат да ја контролираат употребата на нивните дигитални личности и соодветно да бидат компензирани.

Писателите на ВГА штрајкуваа на почетокот на мај и допрва треба да се договорат со студијата за употребата на вештачка интелигенција, меѓу другите прашања. Актерите исто така би можеле да штрајкуваат доколку САГ-АФТРА не успее да постигне договор за слични прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот