Грција објави снимка: Турците ја отстрануваат оградата на границата и ги пуштаат мигрантите? (ВИДЕО)

Грчката влада објави ноќна видеоснимка од границата на која наводно се гледа како турско воено возило ја отстранува оградата.

Возилото наменето за надзор на границата ја отстрани оградата со помош на кабел, објави владата во Атина во време кога растат тензиите меѓу двете држави заради мигрантите кои се наоѓаат на турско-грчката граница.

Бариерата на границата веќе била оштетена од мигрантите при обид на влез во земјите од Европска унија. Видеоснимката додатно ќе ја зголеми тензијата на границата каде има судир меѓу грчките безбедносни сили и мигрантите.

Одлуката на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган да го отвори патот на мигрантите спрема Европа го разлути грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изјави дека договорот меѓу Европа и Анкара за ограничување на миграции од 2016 година е мртов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот