Грчките медиуми за притворот на Јанева - Слободен печат

Грчките медиуми за притворот на Јанева

„Скопје: Уапсена специјалната обвинителка за борба против организиран криминал”; „Скандал во Северна Македонија: Уапсена специјалната обвинителка за изнуда”; „Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал”, се дел од насловите во грчките медиуми за одредениот 30-дневен притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, како и грчките информативни портали го пренесуваат текстот под наслов „Северна Македонија: Уапсена за изнуда специјалната обвинителка за борба против организиран криминал”, објавен синоќа од грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Катица Јанева поднесе оставка минатиот месец, кога локални медиуми открија нејзина наводна вмешаност во рекетот на бизнисменот Орце Камчев. Таа негира каква било нејзина вмешаност. За истиот случај, уапсени се други двајца осомничени дека наводно зеле вкупно 1,5 милиони евра од Камчев, пишува АНА – МПА.

Грчката новинска агенција објаснува дека Специјалното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал беше формирано „врз основа на договорот на Северна Македонија со ЕУ во 2015 година, со кој беше прекината тогашната политичка криза во земјата”.

Во текстот на АНА-МПА, преземен од дел од грчките медиуми, пренесена е и изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески од вчерашната прес-конференција.

Прочитај повеќе

Кинеската кобра најверојатно е извор на новиот корона вирус

Слободен печат

Пресуда против Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Град Скопје бара нови помлади соработници за присилна наплата и заверка на документи

Слободен печат

Изадена најмалата монета во светот со ликот на Ајнштајн

Слободен печат

Најбогатата жена во Африка обвинета за проневера и перење на пари

Слободен печат

Украина на Германија ќе ѝ ја отстапи контролата врз железницата во период од десет години

Слободен печат

Остави Коментар

eighteen − 1 =

Прочитај повеќе

Пендаровски во Ерусалим со светските лидери

Слободен печат

Јовановски: Не сум експериментален глушец

Горан Наумовски

Американскиот министер за финансии: Ќе го земам во предвид мислењето на Грета кога ќе заврши соодветен факултет

Слободен печат

Анализа на ЕСИ: Земјите од Западен Балкан имаат ризик да ја повторат судбината на Турција – „никогаш да не влезат во Унијата”

Слободен печат

Да се излезе на марш и 8 Март да стане неработен ден

Слободен печат

Расте довербата за вложување во инвестициски фондови

МИА