Грчкиот премиер бара исфрлање на грчките екипи од УЕФА

Нашиот јужен сосед е решен да тргне во одлучувачка битка за искоренување на насилството на стадионите.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во најскоро време ќе има средба со претседателот на Фудбалската федерација на Грција за да разговараат за реформите на грчката фудбалска лига, на барање на премиерот на нашиот јужен сосед.

Премиерот Кирјакос Мицотакис минатиот месец побара од помош од УЕФА за промени во грчкиот фудбал.

Мицотакис тогаш најави дека ќе побара исфрлање на грчките екипи од европските купови, па дури и ќе бара суспензија на грчката лига доколку најголемите клубови не го потпишат планот за реформи со една цел е запирање на насилството на натпреварите, но и за честите обвинувања за корупција.
Чеферен утре ќе има средба и со премиерот Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот