Грчева до Ристовски: Вие сте многу контроверзна личност, која заведува луѓе со лажни и шпекулативни теории

Вие лажете, јас сакам да види народот со кого си има работа. Вие сте многу контроверзна личност, која заведува луѓе со лажни и шпекулативни теории- рече Грчева.

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски и претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева влегоа во жестока дебата при гостувањето на телевизија Телма. Ристовски жестоко и возврати кога таа го праша каде биле за време на референдумот.

-Интегра не постоеше тогаш како партија. Престанете да се бавите со другите, бавете се со вашата беда. Гледајте си ја својата политика, својата партија, престанете да се бавите со Љупчо Ристовски и Интегра. Чии интереси браните? Што ти е, што се замараш со Љупчо Ристовски?, рече Ристовски.

После рекламите, Ристовски им се извини на гледачите за начинот на кој настапи.

-Вие лажете, јас сакам да види народот со кого си има работа. Вие сте многу контроверзна личност, која заведува луѓе со лажни и шпекулативни теории- рече Грчева.

Грчева најави тужба бидејќи Ристовски рече дека излегла од редовите на ДПМНЕ.

Новинарот побара да им бидат исклучени микрофоните, по што во повеќе наврати во текот на емисијата тоа беше сторено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот