Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Хофман рече дека осум државјани на Бангладеш исто така се обиделе да преминат во Хрватска на граничниот премин Стрмица.

Граничната полиција на Босна и Херцеговина спречи 183 мигранти да ја преминат границата нелегално на четири гранични премини, потврди советникот на директорот на таа полициска агенција, Свевлад Хофман.

Во текот на минатата ноќ мигрантите се обидоа да ја преминат границата преку премините Изачич, Стрмица, Хум и Требиње, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз”.

Повеќето мигранти се обиделе илегално да влезат во Хрватска на граничниот премин Изачиќ. Во тоа се спречени 172 лица – 150 Пакистанци и 22 мигранти од Авганистан.

Хофман рече дека осум државјани на Бангладеш исто така се обиделе да преминат во Хрватска на граничниот премин Стрмица.

Граничната полиција спречи едно лице да влезе во БиХ на преминот Хум од Црна Гора, како и двајца мигранти од Црна Гора кои се обиделе илегално да влезат во БиХ на граничниот премин Требиње.

Нивниот идентитет сè уште не е утврден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот