Градоначалник од Нигер фатен со 200 килограми кокаин

Запленет кокаин кај градоначалник од Нигер/ Фото Youtube Screenshot

Градоначалник од африканската држава Нигер и неговиот возач се уапсени во пустината на северот на земјата со повеќе од 200 килограми кокаин во возилото, соопшти тамошната полиција, пишува Би-Би-Си.

Двајца осомничени, чии имиња не се откриени, наводно транспортирале кокаин во Либија, откако бил прошверцуван во земјата од Мали.

Тамошната агенција за контрола на дрога соопшти дека тоа е најголемата заплена на кокаин во западноафриканската земја.

Шверцот и заплените на дрога стануваат се почести во регионот.

Градоначалникот и неговиот возач беа однесени во главниот град на Нигер, Ниамеј, на сослушување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот