Градоначалник на скопска општина заработи кривична пријава – овозможил легализација на „диво“ изградени тениски игралишта
Градоначалникот на скопска општина заработи кривична пријави поради сомнение извршил злоупотреба на службената положба, бидејќи овозможил легализација на објектите за спорт и рекреација-тениски игралишта. Со пријавата под кривичен прогон се и петмина вработени во скопска општина како и правно лице.
Препорачано
„По поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект“, се вели во соопштението на МВР.
Како што информираат од МВР, со нивната постапка му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.


