Градежник од Турција загинал додека работел во Скопје

Фото: илустрација / Бетон / Фејсбук

34-годишен работник од Турција загинал на работното место на зграда во изградба во центарот на Скопје, соопшти МВР.

„На 02.05.2023 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на подрачјето на Центар со повреди се здобил работникот Ф.А.(34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Од здобиените повреди Ф.А. нешто подоцна починал“, пишува во кусото полициско соопштение.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Од почетокот на годината, МВР во неколку наврати извести за повредени работници од Турција на градилиштата во Скопје. Ваквите случаи беа бројни и во изминатите години.

Во денешниот билтен, полицијата извести и за уште еден случај во кој тешко е повреден градежен работник од Косово, кој работел во Скопје.

„На 02.05.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Д. од Косово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на објект во изградба на подрачје на Бутел“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот