Град Скопје ги награди најдобрите за придонесот за заштита на екологијата

Градот Скопје ги објави победниците на конкурсот за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.

За најеколошка компанија, информираат од Град Скопје, со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина е избрана „Про кредит банка”, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.

Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е „НУЛА ОТПАД ДОО” Скопје.

За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Зоран Митиќ, за двор во општината Аеродром, а за двор на институција победник е ООУ „Свети Климент Охридски”, од село Драчево, општина Кисела Вода. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.

Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Татјана Јовановска VIII 1 одделение, ООУ „Петар Поп Арсов”. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Христина Иванова IV-2, СУГС „Никола Карев”. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.

Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, VIII 2, ОУ „Петар Здравковски Пенко”, а за ученици од средните училишта наградата отиде кај Мартина Арсеска, IV-1,  СУГС „Никола Карев”. Наградените ученици во оваа категорија добиваат награда од по 10.000 денари.

Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување не е доделена награда, бидејќи на конкурсот не пристигнале пријави.

Конкурсот Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата”, а целта е да се подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина. Годинешниот повик беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот