Град Скопје ангажира 16 образовни асистенти за средношколците

Град Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколци со посебни образовни потреби. Асистентите кои се ангажираат во рамки на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес – унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје”, а кој е во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП, ќе работат по четири часа дневно со учениците и ќе им помагаат во совладување на наставната материја и подобрување на успехот, соопшти денеска Град Скопје.

Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дале согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско – корисна работа, а дел се од Буџетот на градот.

Месечниот надомест за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив град Скопје обезбедува и бесплатен јавен превоз кој ќе можат да го користат за време на ангажманот.

Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје првпат ја реализираше таа активност.

– Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците кои ја користеа услугата. Во таа насока, минатата година Град Скопје првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев”, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот