Горење е шанса за ракометарите на Металург да покажат дека вредат

фото: рк металург

Ракометарите на Металург вечерва (20 ч.) против Горење ги започнуваат настапите во ЕХФ-Купот. „Металурзите“ во првиот натпревар од третото коло му гостуваат на словенечкиот тим.

Екипата на Горење поради домашниот терен влегува како фаворит во овој натпревар, но во таборот на Металург се убедени дека ништо нема да биде решено во вечерашната пресметка.

Адутот на младиот тим од Автокоманда е искуството од настапите во Лигата на шампионите, но и новото лице на клупата. Од пред еден месец, тренер на Металург е Зоран Кастратовиќ.

– Цел месец се подготвуваме за дуелите што не очекуваат во овој и во следниот викенд. Работевме на подигнување на физичката подготовка, бидејќи Горење е тим што многу трча, има одлична транзиција, напаѓа и со брз центар и добро е физички подготвен.

Затоа малку и трпеа натпреварите во домашниот шампионат, бидејќи фокусот ни е на дуелите во ЕХФ-купот. Анализите покажаа дека Горење е добра екипа што знае да игра ракомет. Нивната најсилна страна е транзицијата, тие тоа го работат одлично и на тоа ќе треба да внимаваме.

Очекувам два неизвесни, рамноправни натпревари, а поволен резултат во Велење е резултат што ќе го решава конечниот победник во Скопје. Иако имаме млад тим, во составот имаме играчи со завидно искуство и во Лигата на шампиони и во СЕХА-лигата, играчи од сите репрезентативни категории на Македонија. Сега е дојдено времето овие играчи да покажат дека вредат – вели Кастратовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот