Голманот на Мароко кој „исчезна“: Морав да одам во болница

Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Необична ситуација беше забележана во вчерашниот натпревар помеѓу Мароко и Белгија кога голманот на Севиља Боно не се појави на голот на Мароко иако пред почетокот на мечот беше најавен во стартниот тим.

Боно беше и на теренот додека се интонираше химната на Мароко, а потоа побарал замена и не го одигра натпреварот. Денес тој се огласи во јавноста и откри дека морал да оди и во болница.

„Се повредив во натпреварот против Хрватска, добив силен удар. Докторската екипа направи се за да бидам спремен. Пиев лекови, но пред почетокот на почувствував вртоглавица. Затоа само неколку секунди пред почетокот на натпреварот го напуштив теренот за да не менуваме откако ќе започне. Мунир за наша среќа беше одличен, јас не можеv ниту да го гледам натпреварот затоа што бев во болница“, изјави голманот на Севиља.

Следниот натпревар Мароко го игра во четврток против Канада со почеток од 16:00 часот, а засега не е познато кој ќе биде на голот во тој натпревар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот