ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО МАЈОРКА: Шпанските власти трагаат по исчезнати брат и сестра

Фото: Принтскрин

Властите во Шпанија се во потрага по двајца унгарски туристи кои во невреме исчезнале на островот Мајорка. Според шпанските медиуми, хотелот потврдил дека исчезнале брат и сестра, 18-годишно момче и 30-годишна жена, а веста се тоа е објавена два дена откако сведоци пријавиле дека две лица паднале во морето кога биле поклопени од огромен бран.

Во потрагата се вклучени патролни чамци на крајбрежната стража, нуркачи, хеликоптери од полицијата и доброволци, но досега е неуспешно.

Шефот на унгарскиот конзулат во Барселона е во постојан контакт со локалната полиција и со семејството на унгарските туристи.

Балеарските острови и Барселона во средата беа погодени од силно невреме со дожд, во кое две лица ги изгубиле животите, а шестмина се водат за исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот