ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ во Грција: Се евакуираат луѓе во Солун

Невремето што доцна синоќа го зафати северниот дел на Грција предизвика материјална штета на домови, а противпожарната служба интервенирала во девет случаи за спасување луѓе во Солун, објавија локалните медиуми, jави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно противпожарната служба на Грција интервенира во испумпување вода од домовите, а добила вкупно 150 повици за помош.

Невремето зафати и други градови од северниот дел на земјата, а освен врнежи од дожд, беше регистриран и град.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, поројниот дожд го поплавил автопатот Солун-Ореокастро, а автомобилите останале заглавени на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот