Големата размена меѓу Барса и Интер е подготвена?!

фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Како што пренесува доверливиот новинар Жерар Ромеро, Барселона и Интер начелно е договорено за размена на Франк Кесие и Мемфис Депај од една страна и Марселo Брозовиќ и Хоакин Кореја од друга страна.

Pреговорите за размена на играчи од средниот ред се започнати, Кесие не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и би можел да се врати во Милано и да ги засили редовите на големиот ривал на неговиот поранешен клуб Милан.

Ниту Брозовиќ не би имал ништо против да се пресели во Каталонија. „Неуморниот“ Хрват повеќе не е неприкосновен за тренерот Симоне Инѕаги, мака мачи и со повреди, а заминувањето во Барса би било нов предизвик во кариерата на играчот од средниот ред.

И двајцата напаѓачи не блескаат во своите клубови. Депај дојде во Барса во јули 2021 година, но не блеска на „Камп Ноу“. Холанѓанецот сезонава ги одигра сите осум натпревари за „блауграна“ и постигна четири гола.

Во Интер не блеска ниту Кореја, напротив. Тој е далеку од првиот избор на Инѕаги, искусниот Џеко е „зацементиран“ во нападот. Сезонава одигра 21 натпревар, главно од клупата и постигна само три гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот