ГОЛЕМ ШЕГАЏИЈА: Клоп го прекина новинарот и ги насмеа сите! (ВИДЕО)

twitter.com/LFCTransferRoom

Јирген Клоп во пресрет на новиот натпревар од Лигата на шампионите против белгискиот Генк доби прашање од еден новинар, а потоа со одговорот ги насмеа сите.

Секако европскиот шампион на својот „Енфилд“ (вторник, 21.00 часот) ќе биде голем фаворит и со три бода ќе биде уште поблиску до нокаут-фазата.

Новинарот истакна дека Генк е славен клуб чиј дрес го носеле звучни имиња од светска класа како Де Брујн, Кулибали, Ндиди…

А менаџерот Клоп веднаш го прекина со овие зборови:

– Дивок Ориги, не го заборавајте Ориги, тој е инаку легенда на Ливерпул, поприлично е познат овде – коментираше Клоп.

Секако, сето тоа се одвиваше во една шеговита атмосфера, а коментарот предизвика позитивни реакции.

Ориги во јуниорската кариера играше за Генк. Тој се мачеше воопшто да дојде до минута во дресот на Ливерпул, по што Белгиецот стана една од најдобрите „резерви“ во светот.

Навивачите стекнаа впечаток дека кога и да биде потребно, Ориги од клупата влегува на теренот и ги решава натпреварите, па поради тоа коментарот на Клоп предизвика голема смеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот