Голем неделен хороскоп (15-21 август): Јарците ги очекува голем успех, Девиците ќе стекнат нови знаења

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Деловната криза стивнува, па влегувате во подобар период. Ќе запознаете моќна личност која многу ќе ви помогне во нешто. Можно е да заработите одлично на едно работно место, додека некои ќе го променат описот на работното место. Се наоѓате во одличен љубовен период, па заборавете на она што се случило. Ќе бидете опуштени, а тоа ќе биде неодолива мамка за припадниците на спротивниот пол. Позитивното влијание на Венера може да доведе до запознавање со некоја нова личност. Здравјето ќе ви се подобри, а многу тегоби ќе исчезнат.

Бик

Ќе бидете инспирирани, па работата поврзана со забава, уметност, пишување и музика ќе ви биде задоволство. Иако ќе има неуспеси и неволни поединци, Марс во вашиот знак ќе ве направи вистински борец за правда. Би можеле да почувствувате незадоволство од сензуалната страна на животот. Иако љубовта ќе биде несомнена, честите расправии и недоразбирања ќе ја разнишаат вашата врска. Но, поволниот Меркур укажува на релативно брз излез од кризата. Марс во вашиот знак ве воведува во стресни денови, а заладените меѓучовечки односи особено ќе ве исцрпат. Биковите кои се на работа ги очекува многу работа, па нема да биде чудно ако се чувствувате повеќе уморни и поспани.

Близнаци

Сигурни сте во себе, па полесно ќе се борите за остварување на своите цели и ќе ги оправдате своите ставови. Некој ќе ги препознае вашите квалитети, па ќе стигнете до долго посакуваната позиција или ќе остварите финансиска добивка. Се наоѓате во интензивен деловен период, па помалку ќе ги гледате партнерот и семејството. Би било добро оваа недела да сте на одмор, бидејќи тоа уште повеќе би ве зближило со саканата личност. Слободните би можеле да запознаат некој кој е амбициозен и успешен во она што го работи. Доколку премногу се забавувате, лошо спиете навечер и премногу уживате во пороците, нема да чуди ако почнат да се појавуваат здравствени проблеми. Треба да се грижите за себе.

Рак

Многумина ја забележуваат вашата остроумност и вербална умешност. Банкарите и финансиерите задоволно ќе тријат раце, а позитивните планетарни влијанија на многу припадници на овој знак ќе им донесат можност да заработат повеќе. Почесто ќе одите на службени патувања. Ќе почнете поуспешно да ги решавате љубовните проблеми. Вашата љубезност ќе падне во око на една личност, која ќе се распрашува за вашиот љубовен статус. На повидок се нови љубови, а поради поволното влијание на Марс ќе бидат исклучително страсни и еротски. Ќе имате повеќе енергија, па со задоволство ќе одговарате на покани за дружење или излегувања. Потребен ви е добар одмор за полесно да се справите со деловните обврски.

Лав

Доколку сте заинтересирани за патување, странство, трговија, спортување, ве очекува убав развој. Сонцето е во вашиот знак, па како него и вие ќе сјаете каде и да сте и ќе се истакнувате со деловните вештини. Би можеле да се заљубите, да ја подобрите врската нарушена со проблеми или да се одлучите за брак. Оние кои се во брак ќе се преродат. Ќе се чувствувате заштитено и сакано, но се чини дека нема да можете да избегнете повремени кавги поради вашата љубомора и избувливост. Размислете повеќе за вашето здравје. Вистинско време е да се откажете од пушењето или да воведете поздрави навики во исхраната. Ќе имате многу енергија и ќе бидете витални, но често ќе го менувате расположението.

Девица

Брзо ќе стекнете нови знаења и ќе бидете вешти во преговарање и склучување договори. Најуспешна ќе биде работата во медиумите и работните места поврзани со медијација, сообраќај, услуги и комуникација. Би можеле да се заљубите во личност која поради некоја причина нема да може да ви возврати на чувствата. Останете подалеку од односите со комплицирани или зафатени луѓе кои сакаат само да се забавуваат. Подобро да бидете сами отколку со некој кој подоцна ќе ви стане голем проблем. Меркур во вашиот знак ќе биде заслужен за вашата подобрена концентрација, што многу ќе ви помогне во работата. Но, можно е да се соочите со губење на физичката енергија, па одмор ќе ви биде повеќе од потребен.

Вага

Заобиколете ги пречките или направете неколку чекори назад. Ментално сте подготвени да извршувате многубројни задачи, но физички сте ослабени. Можеби проблемот е лошата организација на времето или неуредниот живот. Ќе испливаат на површина непомирливите разлики во карактерот, љубомората и надворешните влијанија. Оние кои не се во врска или брак може да се соочат со невозвратена љубов, но не се откажувајте. Веќе кон крајот на неделата ќе имате поповолни астролошки влијанија, па ќе имате поголема среќа во љубовта. Грижете се за вашето здравје, не чекајте работите да се решат сами од себе. Оваа недела ќе ви биде потребно што повеќе дружење и забава.

Скорпија

Владеењето на знакот Лав ви ги комплицира работните односи, затоа одложете ги преговорите и важните одлуки за некое подобро време. Ќе наидете на потешкотии при завршувањето на работата, но не се сомневајте во своите способности. Не очекувајте другите да мислат и да се однесуваат како вас. Нема да бидете целосно задоволни од вашиот сексуален живот. Во потрага по страст, може да наидете на агресивна личност која нема да ве остави на мира. Оние во брак ќе имаат добри односи со партнерот, за што помага вашата квалитетна комуникација. Ќе имате многу повеќе енергија од вообичаено, но со тоа и ќе ја зголемите изложеноста на стресни ситуации.

Стрелец

Пронаоѓањето нови начини на водење бизнис и стекнување нови пријатели ќе доведе до добри резултати. Ќе бидете успешни во претставувањето на вашата работа, во интервјуа и гостувања на телевизија и во јавноста. Фаворизираната Венера ви отвора вистинска сезона на љубовен лов. Некој ќе ви „влезе во око“ и таа личност упорно ќе ве освојува додека не попуштите. Доколку сте во врска или брак, може да дојде до несогласувања, но за среќа тие се привремени. Ако сте нервозни некое време без очигледна причина, зајакнете го имунинтетот со земање Б витамини.

Јарец

На работното место ќе имате голем успех, колегите повеќе ќе ве слушаат, а претпоставените ќе ги препознаат вашите вредности. Станувате борбени и знаете која е вашата цел, па можно е да напредувате. Постои одредено силно влијание од надворешните околности што ќе ве спречат целосно да уживате во љубовната врска. Ќе останете збунети од суетата на партнерот и ќе се зачудите од неговите маани кои до сега биле занемарени. Слободните би можеле фатално да се заљубат. Го надминувате периодот на стресот и напнатоста. Ќе почнете да се чувствувате подобро, особено ако сте родени во јануари. Оваа недела ќе бидете повеќе насочени кон социјалниот живот, што видливо ќе ви го подобри расположението.

Водолија

Марс во Бик ќе ви ја одземе смиреноста и трпението. Подгответе се за повеќе критики од јавноста, претпоставените и колегите со кои споделувате работен простор. Не им замерувајте на претпоставените. Планетите ви ја отежнуваат комуникацијата со партнерот, па на површина ќе излезат различни интереси. Можеби очекувате премногу од него, без да сфатите дека го кочите. Ако имате љубов на работното место, ќе бидете мета на озборувања на колегите. Доколку имате намера да вежбате, обрнете повеќе внимание на правилното загревање и истегнување на мускулите. Водолиите се во период кога се повеќе склони кон повреди и воспаленија, затоа потрудете се да живеете што е можно поуредено.

Риби

Борбата за остварување на вашите амбиции ќе биде успешна. Ќе бидете доверлива личност, а вашата сигурност и одговорност ќе бидат мамка за оние кои нудат нови работни места. Можно е и службено патување. Ќе ве привлекуваат луѓе кои зрачат со мир и не ве омаловажуваат. Но, поголеми се шансите да сретнете некој немирен и страстен, кој ќе внесе сладок немир во вашето срце. Доколку сте сами, ве очекуваат одредени љубови и авантури, можно е да сретнете странец. Одличното влијание на Марс ќе биде заслужно за вашиот добар имунитет и психофизичка подготвеност. Ниту една работа нема да може да ве измори, ќе имате сила за се. За Рибите ова се совршени денови за патување и летен одмор, како и за спортски активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот