Ѓоковиќ во 2021 година ќе го нападне рекордот на Федерер!

фото: твитер

Ѓоковиќ беше подготвен да го престигне својот идол Сампрас уште во април, а Швајцарецот на почетокот на октомври годинава..

Сезоната на земја е одложена, потврдија од АТП. Причината за ова е пандемијата на КОВИД-19. Професионалниот тенис ќе биде обновен најрано на 8 јуни 2020 година кога ќе започнат натпреварите на трева.

Отвореното првенство на Франција требаше да се одржи помеѓу 24 и 7 јуни, а новите датуми беа објавени вчера за евентуално одигрување, 20 септември – 4 октомври.

Традиционално, сезоната на земја завршува со финалето на Ролан Гарос во Париз. Во јуни, стартува сезоната на трева за мажи и жени пред Вимблдон. Турнирите во Лондон, Штутгарт, Истбурн, Хале, Мајорка и Хертогенбош треба да се одржат во истиот месец. Отвореното првенство на Велика Британија треба да започне веднаш по нив.

„Вимблдон 2020“ се очекува меѓу 29 јуни и 12 јули, но ќе зависи и од ситуацијата со коронавирусот, односно рганизаторите не можат да гарантираат дека сигурно ќе се одигра овој грен слем.

фото: твитер

Ѓоковиќ, после рекордната осма титула на „Австралија опен“ во Мелбурн, се врати на првото место и го продолжи походокот кон нови рекорди.

Една од целите на српскиот тенисер, покрај тоа што има намера да освои најмногу грен слем титули, воедно е да го престигне Рожер Федерер по бројот на недели на првата позиција на АТП листата. Моментно Србинот е 281 недела на врвот, а пред него се само Пит Сампрас (286) и Рожер Федерер (310).

Ѓоковиќ беше подготвен да го престигне својот идол Сампрас уште во април, а Швајцарецот на почетокот на октомври годинава, но поради новонастанатата ситуација тоа нема да се случи.

Светската ранглиста кај мажите и жените ќе биде „замрзната“ за време на периодот, во кој не се спроведуваат турнири.

Овој поход Ѓоковиќ, во најдобар случај, ќе мора да го продолжи наредната 2021 година. Федерер моментно има 20 грен слем титули, пред Рафаел Надал (19), а третопласиран е Ѓоковиќ со 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот