Ѓоковиќ со одличен старт на „УС Опен“! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Најдобриот светски тенисер убедливо се пласираше во второто коло на грен слем турнирот во САД.

Новак Ѓоковиќ на стартот со резултат 3:0 во сетови 6:1, 6:4 и 6:1 го елиминираше Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.

Ноле ја оправда фаворитската улога, првиот сет траеше 24 минути, потоа вториот донесе нешто поголема борба, а во последниот повторно доминација на првиот светски рекет.

Во наредното коло српскиот ас ќе ги одмери силите против Британецот Кајл Едмунд кој беше подобар од Александер Бублик (Казахстан) со 2:6, 7:5, 7:5 и 6:0.

Победи славеа уште Чориќ, Циципас, Зверев, Шварцман беше поразен после четири часа борба, а Изнер е елиминиран од сонародникот Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот