Ѓоковиќ останува без Горан Иванишевиќ

Фото: EPA/PETER KLAUNZER

Најдобриот светски тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во текот на втората недела од грен слем турнирот „Вимблдон“ нема да може да смета на помошта на новиот тренер Горан Иванишевиќ.

Договорот беше Хрватот да биде покрај Новак само во текот на првата недела од турнирот во Лондон, бидејќи поради обврски ќе мора да го напушти Србинот на почетокот од претстојната недела.

Постои можност нивната соработка да биде продолжена до крајот на сезоната, но до сега нема никакви официјални информации. Бранителот на титулата на „Вимблдон“, популарниот Ноле в понеделник за пласман во четвртфиналето ќе игра против Французинот Уго Умбер.

Во другите средби од машкиот турнир се среќаваат: Баутиста Агут-Пер, Гофан-Вердаско, Квери-Сандгрен, Соуза-Надал, Нишикори-Кукушкин, Пела-Раониќ и Беретони-Федерер.

Осминафинални парови, женска конкуренција: Барти-Риске, Стрицова-Мертенс, Свитолина-Мартиќ, Женг-Јастремска, Мухова-Плишкова, С. Вилијамс-Суарез Наваро, Халеп-Гоф и Конта-Квитова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот