Гоце Митевски ја дигитализираше ЛЕГЕНДАРНАТА „БУШАВА АЗБУКА“

Гоце Митевски самостојно, без финансиска помош, и со многу труд го дигитализираше најомиленото македонско едукативно издание „БУШАВА АЗБУКА”!
„Печатеното издание го добив како подарок од управата на градинката „11 Октомври” во Радишани, на 25 мај 1989 година и од тогаш го чувам во библиотеката.
„Бушава азбука” ја дигитализирав самостојно. Најпрво започнав со пренос на печатеното издание во дигитален формат со скенирање, па потоа ја пренесов содржината во текстуален формат. Понатаму следеше подготовката на презентацијата за приказ на Интернет и некои дополнителни доработки за лесно преснимување на содржината како апликација за мобилни уреди. Изворниот код е достапен на: Јас пораснав со „Бушава азбука”. И додека бев дете и денес, сметам дека „Бушава азбука” е едно од најзначајните дела за македонскиот јазик и македонската култура воопшто. Сѐ уште сум фасциниран од талентот на Горан Стефановски и леснотијата со која успеал на најсликовит можен начин да ги опише формите на буквите од нашата азбука и да продре во детските срца. Се разбира, со помош на безвременските илустрации на Душан Петричиќ и маестралната екранизација на Слободан Унковски. Денес, читајќи го печатеното издание, сѐ уште на глас се радувам на стиховите како „За мене е чиста и вистинска среќа, ѓубре уредно спакувано во вреќа.” или „Два дни со кола се возам, три дни под колата се козам.” – ни сподели Гоце.
Оваа компјутерска презентација е изработена од страна на Гоце Митевски во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ и нивниот огромен придонес за македонскиот јазик, како и во чест на целокупната екипа што ја изработила телевизиската серија „Бушава азбука”, особено на режисерот Слободан Унковски.
Изработката не е финансирана од никого и не е поврзана со авторите на печатеното издание или телевизиската серија „Бушава азбука”. Ова е самостоен труд на Гоце Митевски од образовен карактер, исклучиво наменет за лично користење, а со единствена цел — трајно зачувување на дел од македонското културно наследство. Изданието Гоце го посветува на Марко и Коста. Авторските права за реобјавената содржина остануваат на нејзините автори и се регулирани со Закон за авторското право и сродните права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот