Гобер: Некои навистина мислеа дека го донесов коронавирусот во САД

фото: твитер

Центарот на Јута џез, Руди Гобер, вели дека многу научи од искуството со коронавирусот.

НБА лигата суспендирана: Гоберт пред два дена се шегуваше за коронавирусот, а сега е позитивен на заразата (ВИДЕО)

Тој беше првиот заразен кошаркар во НБА лигата откако претходно се потсмеваше со вирусот и ги допираше микрофоните на новинарите. Неколку дена подоцна излезе дека токму Гобер е позитивен на коронавирус.

– Медиумите тоа го претставија како јас да го предизвикав прекинот во НБА лигата наместо да кажат дека тоа е пандемија и дека Руди Гобер е позитивен. За многу луѓе кои не размислуваат подалеку од тоа што ќе им се стави под нос, тие навистина мислеа дека јас го донесов коронавирусот во САД. Ми беше тешко да видам колку многу луѓе се сомневаат во мојот карактер и тоа само на основ на некоја една снимка. Тоа беше големо искуство за мене и многу научив. Јас знам кој сум, луѓето околу мене знаат кој сум и немам енергија да им објаснувам на сите луѓе за мене – вели Гобер во интервју за „Вашингтон пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот