Го убиле, па пукале кон мајка му и брат му
Основното јавно обвинителство поднесе oбвинителен акт против три лица. Еден од обвинетите е обвинет за убиство од член 123 став 1, додека тој и неговите двајца помаѓачи се обвинети и за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 19.
На 31 август пред три години, тројцата обвинети влегле во двор од куќа во Арачиново, во која живеел сега покојниот Бајрами Мевљудин и неговото семејство. Еден од обвинетите, со истрел од огнено оружје, пиштол го убил Бајрами Мевљудин, а се обидел да го убие и неговиот брат.
Останатите двајца обвинети пукале кон мајката на жртвата и кон другиот брат, нанесувајќи им прострелни рани.
„Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на тројцата обвинети им беше претходно определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на оваа мерка за обвинетите. Притоа, како основ се наведува опасноста обвинетите да се дадат во бегство со цел да го избегнат кривичниот прогон, особено со оглед на тоа што тие не биле достапни на органите на прогонот речиси пет години по извршување на делото и беа лишени од слобода дури во април годинава“, извести ОЈО.