ГО ГАСИ „ПОЖАРОТ“: Мурињо се враќа во Англија!? – Слободен печат
СпортФудбал

ГО ГАСИ „ПОЖАРОТ“: Мурињо се враќа во Англија!?

Португалскиот фудбалски „специјалист“ Жозе Мурињо според информациите ја одби можности да работи во францускиот клуб Лион.

Според британските медиуми, искусниот и славен стратег нема намера да стане наследник на Силвињо на тренерската функција во Лион.

За потсетување, во понеделникот, Лион го отпушти тренерот Силвињо поради слаби резултати. Екипата после девет кола се наоѓа на 14. место со девет освоени бодови.

Мурињо, поранешниот менаџер на Челзи планира да се врати во Англија. Тој е веќе 10 месеци без работа, поточно без клупа, работи моментно како тв коментатор, односно стручен аналитичар.

Многу клубови досега се поврзуваа со португалскиот тренер, сега како „најреална“ опција се одвојва Тотенхем.

Од Англија велат дека Мурињо е прв кандидат, дека Маурицио Покетино поради досегашните слаби резултати оваа сезона. Ланскиот европски вицешампион моментно на табелата во Премиер лигата е дури на деветтото место после осум одиграни кола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close