Глобалната рецесија турка милиони во сиромаштија

Сиромаштија. / Фото: Архива на Слободен печат

Западен Балкан годинава ќе забележи намалување на економските активности за 3,2 отсто.

Светска банка во својот последен извештај за глобалната економија проценува дека овогодинешниот пад на економските ективности во целиот свет ќе изнесува 5,2 отсто, што е најголем економски шок од Втората светска војна.

Падот на приходите на домаќинствата без сомнеж ќе ги фрли во сиромаштија милиони луѓе и помалку развиени земји.

Западен Балкан годинава ќе забележи намалување на економските активности за 3,2 отсто.

За следната година Светска Банка прогнозира опоравување во просек од 4,6 отсто, што пак ќе значи дека рецесијата во нашиот регион е во облик на буквата „V“.

За жал, во извештајот на СБ се наведува дека ризиците се исклучително негативни, односно постојат големи шанси во реалноста резултатите да бидат полоши од прогнозираните.

Таквиот тек пред се ќе зависи од европските економии.

Статистичката агенција „Евростат“ пак објави ревидирани оценки за растот на БДП во 2020 година според кои падот во еврозоната е намален од 3,8 на 3,6 отсто, додека економијата на цела ЕУ е намалена за 3,2 проценти во однос на претходното тримесечје.

Гледано на годишно ниво, падот е помал и изнесува 3,1 отсто за еврозоната и 2,6 отсто за ЕУ. Најголем раст според овие статистики има Ирска со 4,5 проценти, а со најголем пад од 5,4 отсто е Италија, а веднаш по неа е Франција со пад од 5 проценти.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот