„Гледаме светло на крајот од тунелот“: Бајден го поздрави одобрението за вакцината на Џонсон и Џонсон

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за вакцината на „Џонсон и Џонсон” против ковид-19.

– Гледаме светло на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна, порача Бајден.

Тој ги повикува Американците да продолжат да ги почитуваат мерките – носење маски, држење дистанца и миење раце.

– Постојано повторувам дека се уште е можно ситуацијата да се влоши со ширењето на новите соеви коронавирус и да се сврти сегашниот позитивен тренд на контрола на инфекцијата, предупреди претседателот Бајден.

Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон” е 66 проценти ефикасна во спречување на средна до тешка форма на ковид-19 и сто проценти ефикасна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да доведе до смртен исход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот