Ѓорческа ќе игра за полуфинале на турнирот во Врњачка Бања

Лина Ѓорческа и Ева Ведер од Холандија најдобри во двојки на турнирот во Италија/Фото: facebook.com/aco.lukaroski

Најдобрата македонска тенисерка продолжува со успешните настапи на женскиот ВТА турнир кој што се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Лина Ѓорческа денеска во осминафиналето ја совлада натпреварувачката од Јапонија, Фуна Козаки со резултат 2:0 во сетови 7:5 и 6:4.

Претходно во првото коло нашата тенисерка ја совлада Вероника Ерјавец од Словенија со 7:6 (6), 2:6 и 6:4.

Во четвртфиналната битка Македонката ќе игра против Ана Шишкова (Чешка). Шишкова успеа со 7:6 (6) и 6:4 да ја елиминира Пемра Озген од Турција.

Ѓорческа исто така ќе игра во полуфиналето во двојки заедно со Валерија Страхова од Украина.

Во првото коло со 6:2 и 7:5 беа подобри од Нефиса Берберовиќ (БиХ) и Веронија Ерјавец (Словенија), а четвртфиналниот дуел го предадоа Хрватките Тена Лукас и Тара Вурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот