Ѓоковиќ заборави на Надал и Федерер: Медведев моментно е мојот најголем ривал

Новак Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака и натаму да настапува на шпанско тло/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Париз откако во полуфиналето со пресврт го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 3:6,6:0,7:6 што значеше дека годината по седми пат ќе ја заврши како најдобар тенисер на светот.

– Мислам дека во првиот меч го против тој грч, загубив сет против Фучович. Успеав да почувствувам што значи официјален меч по два месеци, колку и да тренирав, поинаку е кога станува збор за официјален меч.
Притисокот и очекувањата секогаш се големи, посебно кога јас играм се очекува победа. На некој начин се навикнав на тоа, искуството кое го имам ми помага да влезам во мечот мирен и подготвен, но од друга страна и јас сум човек и нормално е да ми се случуваат подеми  и падови – изјави Ѓоковиќ по победата над Хуркач.

За трофејот во Париз, Ѓоковиќ ќе се бори со вториот тенисер на АТП ранг-листата, Данил Медведев кој беше поуспешен од Александер Зверев во два сета и тоа со 6:2,6:2.

Ова ќе биде трет пат годинава Ѓоковиќ и Медведев да играат во финалето на голем турнир, претходно Србинот славеше во финалето на Австралија Опен, додека рускиот тенисер се реваншира со победата во финалето на УС Опен.

– Видовте како игра Данил, затоа е грен слем шампион. Морам да играм на високо ниво за да освојам трофеј и утре ќе дадам се од себе за да успеам во тоа. Играм против вториот тенисер на светот и моментно мој најголем ривал, Данил Медведев. Сакам да победам и триумфално да ја завршам неделата. Ќе видиме што ќе биде, и пласманот во финалето е голем успех и затоа сум задоволен. Целта е исполнета и се што ќе се случи утре и голем бонус за мене – вели Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот