Ѓоковиќ: Се извинувам на сите, сакам да играм и во Париз

Новак Ѓоковиќ /Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ не успеа да освои медал на Олимписките игри во Токио, првиот тенисер на АТП ранг листата денеска во мечот за бронзениот медал загуби од Пабло Карењо-Буста, по што се откажа од вториот меч за медал, тој во мешани двојки.

По поразот од Карењо-Буста, Ѓоковиќ им се извини на сите кои ги разочара и откри дека играл под лекови и со болки.
– Станува збор за повреда, не една туку неколку. Се надевам дека тоа нема да ме спречи да настапам на УС Опен. Не се каам што дојдов во Токио и што дадов се од себе. Тоа е нормална работа, кога сте на ОИ сакате да освоите медал. За некои мои стандарди и очекувања, ова не е идеален резултат. Се извинувам на сите кои ги разочарав, жалам поради Нина, но телото целосно ми откажа, играв под лекови и со болки – изјави Ѓоковиќ кој најгласи дека постои можност да настапи на наредните Олимписки игри во Париз 2024 година.

– Тоа не е толку далеку, но сепак е донекаде бидејќи немам 25 години. Но, исто така не го гледам крајот на кариера. Олимписки игри, Дејвид Куп, грен слем турнирите, АТП купот – тоа не инспирира да продолжам. Играњето за својата држава претставува чест и привилегија.  Сакам да играм и во Париз и да освојам барем еден медал – додаде Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот