Ѓоковиќ на удар на јавноста во БиХ поради заедничка фотографија со генерал кој му го спасил животот на Ратко Младиќ

Новак Ѓоковиќ во друштво на Милан Јовановиќ, човек кој е близок до Ратко Младиќ/принтскрин/twitter/ Dr CharlieMacMilan

Заедничката фотографија на Новак Ѓоковиќ и командантот Милан Јовановиќ легенда, предизвика бурни реакции во регионот. Најдобриот светски тенисер во изминатиот период претстојуваше во Босна и Херцеговина, повторно ја посети Пирамидата на сонцето, а во саботата беше гостин и на свадбата на џудистот Немања Мајдов.

Новак на свадбата се дружеше и со српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, а на социјалните мрежи се појави и фотографија на тенисерот со Милан Јовановиќ легенда која го возбуди регионот.

Јовановиќ беше командант на специјалните единици Волците од Дрина кои се во состав на војската на Република Српска, а подоцна беше и командант на 72. специјална бригада на војската на Југославија.

Јовановиќ исто така е познат и по тоа што со својата единица му го спасил животот на Ратко Младиќ. Токму поради оваа фотографија, Новак Ѓоковиќ се најде на удар на јавноста како во БиХ така и во Хрватска.

„Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во изминатите денови се дружеше со близок соработник на Ратко Младиќ кој е осуден за геноцид и Милорад Додик кој го негира геноцидот. Ќе видиме колку спонзори ќе загуби Новак поради ова“, напиша еден корисник на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот