Ѓоковиќ ја започна 421 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 421 недела на врвот на АТП листата и на тој начин продолжи да го зголемува сопствениот рекорд.

Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, но и покрај тоа ја зголеми предноста пред второпласираниот Италијанец Јаник Синер. Српскиот тенисер сега има 10,035 поени, односно 1,285 повеќе од Синер.

Водечкото дуо го следат Шпанецот Карлос Алкараз, Русинот Данил Медведев и Германецот Александар Зверев, кои ги задржаа истите позиции како на листата минатата недела.

Финалистот во Монте Карло, Норвежанецот Каспер Руд напредуваше за четири позиции и сега е шести, додека шампионот на овој мастерс Гркот Стефанос Циципас се врати во првите 19 и сега е седми, пренесува Бета.

Најдобрата „десетка“ во светот ја комплетираат Русинот Андреј Рубљов, Полјакот Хуберт Хуркач и Бугаринот Григор Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот