Ѓоковиќ ја откри најголемата цел до крајот на годината

Фото: EPA-EFE/Kai Foesterling

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денес зборуваше пред медиумите за предизвиците кои следат на неговиот распоред до крајот на оваа година.

Како најважен предизвик до крајот на годината, Ѓоковиќ го издвои Дејвис Купот каде што ќе ја предводи репрезентацијата на Србија. Покрај Дејвис Купот, Ѓоковиќ ќе учествува уште на Мастерс-турнирите во Париз и Торино.

„Во тек се подготовките за последните сезонски предизвици. Ќе играм во Париз и Торино, но сакам да сум успешен и на финалниот турнир од Дејвис Купот. Во Малага ќе бидеме мотивирани и верувам дека можеме до титулата. Најголема годинава ми е Дејвис Купот, ќе дадеме максимум да ја оствариме оваа цел“, изјави Ѓоковиќ.

Новинарите го запрашаа и за трката со Алкараз.

„Трката е реална и ќе постои до крајот на сезоната, но не се оптоварувам премногу со тоа, но секако сакам да ја завршам годината на првото место. Има уште неколку недели и битката ќе биде интересна“, изјави Ѓоковиќ.

Имаше Алкараз одлична можност да ја намали разликата во однос на Ѓоковиќ, но шпанскиот забележа два неуспеси на последните турнири во Кина и Ѓоковиќ има голема прилика да го задржи тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот