Гибралтар официјално прогласен за град

Гибралтар/ Фото: Nicholas.T.Ansell / PA Images / Profimedia

Гибралтар официјално може да се нарече град, 180 години откако првпат му беше доделен статус од кралицата Викторија, пренесува Би-Би-Си.

Британската прекуморска територија се кандидираше да стане град претходно оваа година, како дел од платинестиот јубилеј на кралицата. Но, кога истражувачите го проверија Националниот архив, открија дека тој веќе бил препознаен како таков во 1842 година.

„Карпата сега го потврди својот статус“, вели Борис Џонсон кој ова го опиша како „огромно признание“ што ја слави својата „богата историја и динамика“.

Гибралтар е британска прекуморска територија од 1713 година, кога и беше отстапен на Британија според мировниот договор потпишан по Војната за шпанското наследство.

На големиот јубилеј беа пријавени 39 места кои бараа да станат градови, а осум од нив, вклучувајќи ги Донкастер, Бангор и Данфермлајн, на крајот го добија статусот.

Статусот на градот често се поврзува со катедрала, универзитет или големо население, но не постојат одредени правила за негово доделување – тој го доделува монархот по совет на министрите. Тоа носи малку материјални придобивки, иако може да е извор на гордост за жителите.

Владата соопшти дека Гибралтар бил изоставен од официјалните списоци откако првично му била доделена титулата од кралицата Викторија, но не е јасно како се случило тоа. Сега е објавен ажуриран запис од 81 места именувани како градови.

Гибралтар е еден од само петте признати градови надвор од Велика Британија. Хамилтон на Бермуди, Џејмстаун на Света Елена и Даглас на Островот Мен кои веќе беа на списокот, додека Стенли на Фокландските Острови беше меѓу именуваните за јубилејот оваа година.

Саутенд во Есекс, исто така, доби статус на град претходно оваа година по убиството на пратеникот Дејвид Амес, кој ја претставуваше изборната единица западен Саутенд од 1997 година и долго време водеше кампања за ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот