Германската влада прогнозира пад на стопанството за 6,3 отсто

Исто така Инстражувачкиот институт за невработеност во Нирнберг предвидува дека германското стопанство оваа година ќе падне за 8,4 отсто

Германската влада очекува стопанството оваа година поради пандемијата од коронавирусот да падне 6,3 отсто, највисок од прогласувањето на сојузната република во 1949 година, пишува Зидојче Цајтунг.

Најниската точна на наглиот пад на активностите веќе е допрена, проценуваат владини експерти во пролетниот извештај кој би требало да се изврши во среда.

Во мај растот ќе се стабилизира и повторно значајно ќе зајакне во втората половина од годината, се предвидувањата.

И покрај значителната државна помош, се очекува голем бран стечаи и три милиони невработени. Пресметале и дека даночните приходи ќе паднат за околу 82 милијарди евра, пишува германскиот весник.

Застапникот на опозициската либерална партија во германскиот парламент Михаел Теурер оцени дека проценките се оптимистични.
„Нарушувањата во економскиот циклус би можеле да допринесат кон големи колатерални штети“, предупреди тој.

И други очекуваат поголем пад, вклучувајќи го и Инстражувачкиот институт за невработеност во Нирнберг, кој предвидува дека германското стопанство оваа година ќе падне за 8,4 отсто, наведува агенциајта ДПА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот