Германската министерка за земјоделство потврди присуство на африканска свинска чума во земјата

Фото: euractiv.com

Лабораториската анализа на мртва дива свиња што беше пронајдена во провинцијата Бранденбург, потврди дека африканската свинска чума е влезена во Германија, соопшти денеска министерката за земјоделство, Јулија Клекнер.

– Сомнежот е потврден. Го имаме првиот случај на африканска свинска чума во Германија. Болеста не е опасна за луѓето, но е опасна за свињите, објасни таа.

Земјоделците се загрижени за овој случај, бидејќи може да значи прекинување на извозот на свинско месо во земјите што не се членки на Европската Унија (ЕУ) како што се азиските.

На територијата на Бранденбург, патем, има околу 750.000 свињи во околу 170 фарми што првенствено се занимаваат со снабдување на Германија со свинско месо, но и со извоз во земји на ЕУ.

Овие фарми стравуваат дека може да бидат погодени од мерките што ќе се воведат од германските власти за спречување на ширењето на заразата низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот