Германија во септември воведува трета доза и вакцинација на деца над 12-годишна возраст

Вакцинирање/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Германија во септември ќе почне да дава трета доза вакцина против коронавирус за ранливите групи од населението и ќе ги вакцинира децата над 12-годишна возраст, соопшти германскиот министер Јенс Шпан.

Тоа го изјави по состанокот со министрите за здравство на сите германски покраини, а трета доза предвидено е да се дава од вакцините Фајзер и Модерна, а немора да биде иста како онаа која веќе е примена, пренесува Ројтерс.

Шпан истакна дека земјата има доволни вакцини за сите старосни групи и дека сите кои сакаат може да се имунизираат во текот на летото.

Во Германија целосно се вакцинирани само нешто повеќе од половина од возрасното население, а околу 62 отсто примиле барем една доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот