Германија веќе се подготвува за нова пандемија

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија има намера да основа 19 магацини со заштитна опрема, маски и апарати. Со тоа, таа сака да биде поподготвена за идните пандемии. Експертите предупредуваат дека мора да се води грижа за квалитетот на производите, пишува Дојче веле.

Министер за здравство Јенс Спах (ЦДУ) смета дека тешката состојба со заштитната опрема не треба да се случи повторно.

Пролетта кога стана јасно дека Германија мора да се подготви за голем број на инфекции и интензивно лекување, одеднаш се покажа дека има недостаток на заштитни маски, заштитна опрема и респиратори во ординациите на лекарите, болниците, домовите за стари лица и изнемоштени лица.

Неколку недели, дури и наједноставните заштитни маски за еднократна употреба не можеа да се најдат никаде, беа достапни само преку Интернет и тоа по многу високи цени. Тогаш федералната влада се вклучи во набавка на заштитни маски и донесе одлука за стимулации за домашните производители. По некое време побарувачката беше исполнета.

Сепак, сојузната влада во иднина сака да биде поподготвена за ваквите предизвици.

Затоа Федералната влада донесе одлука оваа недела државните залихи да бидат основани до крајот на следната година. Најпрво ќе се складираат купените маски, потоа ќе бидат надополнети со домашно производство. Залихите би требало да бидат доволни за еден месец.

-Во случај на вонредна состојба, ќе им помогнеме на оние кои работат во болниците, домовите за стари и изнемоштени лица и ординациите. Добрата здравствена заштита не треба да пропадне поради недостаток на одреден материјал- вели министерот Спах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот